Македонија и Шпанија вечерва ќе излезат на мегдан во СЦ „Јане Сандански“, на отворањето од квалификацискиот циклус за СП 2023, втор официјален натпревар на кој нашите кошаркари за ривал ќе ја имаат „црвената фурија“. Првиот дуел со Шпанија беше оној фантастичен меч од Евробаскет 2011 во Литванија, кога за ривал во полуфиналето од европскиот шампионат ја имавме една од најмоќните репрезентации на „стариот континент“.
Македонија на полувреме имаше „плус еден“, но во вториот дел на сцена стапи Хуан Карлос Наваро, кој со серија извонредни тројки го скрши отпорот на нашите кошаркари и Шпанија на крајот триумфираше со 92-80.
Дамјан Стојановски е единствениот кошаркар кој беше дел од тоа полуфинале, а вечерва повторно ќе излезе на мегдан со Шпанците. Неговиот брат близнак Војдан ќе го пропушти овој дуел поради повреда, додека Соколов, Симоновски, Димчевски и Самарџиски се уште активно играат, но не се дел од списокот на селекторот Бајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА