Една добра четвртина не беше доволна Звезда да го совлада Химки

Кошаркарите на Црвена Звезда се поразени на гостувањето во Русија кај Химки со 78-72. Катастрофалната прва четвртина, која црвено-белите ја загубија со 28-18 беше клучниот момент во натпреварот. Во втората и третата четвртина белграѓани беа во егал со рускиот тим, додека во последната беа подобри, но тоа не беше доволно да стигнат до целосен пресврт и до победа на натпреварот. Со оваа победа Химки се израмни на табелата во Евролигата со Црвена Звезда со скор од 10 победи и 14 порази и двете екипи до крајот ќе бидат меѓу оние кои ќе се борат за едно од местата кои што водат во плеј-офот.

Алексеј Швед со 22 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, а одличен беше и Јонас Јеребко кој мечот го заврши со 19 поени. Кај Звезда единствен расположен беше Кевин Пантер со 20 поени.

Се вчитува...