Репрезентативните обврски завршија, фудбалерите се вратија кон клубовите и веќе претстојниот викенд ќе продолжат возбудувањата во лигите ширум Европа.
Во Италија на програмата е големото дерби меѓу Милан и Јувентус закажан за недела, за кое тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри доби една добра и една лоша вест. Душан Влаховиќ, кој ги пропушти последните средби на Јуве, е „фит“ по повредата на мускулот и од првата минута ќе настапи против „росонерите“. Тој за партнер сепак ќе го нема Федерико Киеза, откако рехабилитацијата на италијанскиот напаѓач не течеше во посакуван ритам во изминатата седмица, па тој ќе го пропушти дерби дуелот со Милан.
Алегри нема да може да смета ниту на Фаџоли и на Погба кои ќе бидат суспендирани на подолго време, поради што Мекени ќе мора да се пресели во средниот ред, што ќе значи шанса за Веа на десната бековска позиција.
Дополнителен проблем за тренерот на Јувентус претставува новата повреда на Данило, поради која во стартниот тим против Милан би требало да се појави Ругани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

