Екипата на Барселона со резултатски пресврт стигна до цел плен на гостувањето против Осасуна, а тренерот Флик се соочува со сериозен проблем во пресрет на неделниот дуел со Реал Сосиедад.
Имено, Рафиња заработи повреда на мускулот против Овиедо, па Бразилецот сигурно ќе мора да го пропушти дуелот со гостите од Баскија закажан за викендов. Сериозноста на повредата засега не е позната, но Флик не сака да ризикува и Рафиња нема да биде во тимот в недела, се со цел да се зголемат шансите за негов настап во ЛШ против европскиот првак ПСЖ неколку дена подоцна.
За разлика од лошата вест поврзана со Рафиња, Флик има причина за задоволство откако Ламин Јамал ги надмина проблемите со својата повреда. Шпанецот ги пропушти последните четири меча на Барса, но се очекува да се врати во тимот токму во пресрет на дуелите со Реал Сосиедад и со ПСЖ.
„Се вратив“, напиша кратко Јамал на своите профили на социјалните мрежи, предизвикувајќи еуфорија меѓу фановите на каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

