Една добра и една лоша вест за Гвардиола пред Тотенхем

Пеп Гвардиола ќе може повторно да смета на услугите на Фил Фоден, откако англискиот репрезентативец ја надмина повредата поради која ги пропушти последните средби на Манчестер Сити. „Граѓаните“ викендов ги очекува дерби дуел против Тотенхем на кој Гвардиола би можел да го врати Фоден во напаѓачкото трио, заедно со Халанд и Марез.

„Мислам дека Фоден ќе може да игра со Тотенхем. Тој тренираше добро последните два дена, што е одлична вест за сите во клубот“, истакна Гвардиола.

Трофејниот стратег повторно има главоболка кога станува збор за одбраната, откако Џон Стоунс заработи повреда по која очекува подолга пауза.

„Стоунс има проблем со мускулот, паузата ќе изнесува околу еден месец“, прокоментира менаџерот на Манчестер Сити.

Се вчитува...