Една добра и една лоша вест за Обрадовиќ пред Фенербахче

Партизан ќе се обиде да се искупи за убедливиот пораз од Црвена Звезда со триумф во следната рунда, но предизвикот е навистина огромен ако се знае дека „црно-белите“ во вторник ги очекува тешко гостување против Фенербахче.

Тренерот Жељко Обрадовиќ за овој дуел конечно ќе го има на располагање Зек Ледеј, откако американскиот крилен центар го пропушти вечното дерби со „црвено-белите“. Тој тренираше со тимот во текот на денешниот ден, по што лекарскиот тим дал зелено светло за Карсдорп да отпатува со тимот за Истанбул и да настапи против Фенербахче. На последниот АБА-лигашки меч со Крка во тимот се врати и Урош Трифуновиќ, кој исто така ќе биде во комбинација за настап во Истанбул.

Лоша вест за Обрадовиќ е отсуството на Ален Смајлагиќ. Крилниот центар го немаше во тимот на последниот дуел со Крка, денеска воопшто не тренираше со екипата и тој дефинитивно нема да игра против Фенербахче.

Партизан моментно има скор 10-9 во Евролигата и се наоѓа на делба од осмото до единаесеттото место заедно со Монако, Валенсија и со Басконија, додека Фенербахче има скор 11-8.

Се вчитува...