Рома се соочува со сериозни проблеми со повреди на едни од освоите најдобри фудбалери. Џанпјеро Гасперини доби нови информации околку повредите на Паоло Дибала и Матијас Суле. Едната од нив е добра, а едната вест е лоша.
И покрај тоа што се очекуваше дека ќе мора да помине низ оперативен зафат, тоа нема да биде случајот кај Дибала. Медицинскиот персонал ќе бара алтернатива за повредата на коленото што е олеснување кога станува збор за процесот на рехабилитација.
Дибала нема да мине низ оперативен зафат, но тоа нема да биде случајот кај неговиот сонародник Суле. Напаѓачот го мачи спортска хернија и според најавите ќе мора да помине низ хируршка интервенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

