Реал Мадрид утре ќе ја пречека Севилја во дербито на колото од „Ла Лига“, натпревар на кој Зинедин Зидан повторно ќе може да смета на помошта на Карим Бензема. Францускиот ас поради незгодна повреда не настапи во Супер-купот на Шпанија, но откако тренираше со остатокот од тимот, доби зелено светло од лекарите за да настапи на дуелот со незгодниот ривал.
За разлика од оваа добра вест за Зидан, онаа лошата пристигна околу здравествениот статус на Серхио Рамос. Капитенот на „кралевите“ ги одработе последните два тренинзи со екипата, но лекарите проценија дека негов настап на утрешниот дуел би носел и преголем ризик од посериозна повреда. Поради тоа, дуелот со Севилја ќе го почнат Милитао и Варан во одбранбената линија.
Герет Бејл исто така е повреден и нема да може да им помогне на „кралевите“ на овој дуел против Севилја, за кој Зидан нема да смета ниту на Хамес Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

