Еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди и албанскиот репрезентативец Јахмир Хика на крајот од денешниот квалификациски натпревар ги разменија меѓу себе националните дресови… Па „згрепчени“ од објективот на ЕКИПА, несвесно веројатно испратија силна порака – фудбалот да обединува, не да разединува!
Барди со албанскиот дрес како Јахмир Хика, а Хика со македонскиот дрес на себе како Енис Барди само како потврда дека фудбалот е место за некомпромисен натпревар, но само на теренот, а надвор од него е место за пријателство и обединување… Меѓу секој со секого! И засекогаш…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА