Една фуриозна четвртина доволна за триумф на Басконија во Истанбул

Басконија влезе во победничка низа и воедно ја продолжи агонијата на Ефес во Евролигата откако во 22. коло славеше на гостувањето во Истанбул со 75-89.

Пресудна за одлука за победникот беше последната четвртина од средбата во која кошаркарите на шпанскиот тим постигнаа 31 поен, наспроти 16-те на домаќините и со тоа ставија крај на извесниот натпревар која траеше од самиот старт.

Курукс со 18 поени и 5 скокови беше лидер на Басконија, додека Лојд постигна 12 поени за Ефес.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...