Една година без Благоја Георгиевски – Буштур

На денешен ден пред точно една година почина еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во Македонија, Благоја Георгиевски – Буштур, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје.

Георгиевски загубил контрола над својот автомобил, излета надвор од лизгавиот пат и удри во бетонските блокови поставени покрај булеварот, со што македонскиот спорт остана завиен во црно.

Легендарниот кошаркар на Работнички беше член на репрезентацијата на СФР Југославија која освои сребрен медал на ЛОИ 1976 во Монтреал.

Во негова чест, раководството на КФСМ донесе одлука националниот Куп на Македонија во иднина да го носи името „Куп Благоја Георгиевски-Буштур“

Се вчитува...