Една година од сензацијата во Дуисбург: Да се потсетиме како Македонија ја победи големата Германија на нејзин терен (ВИДЕО)

На денешен ден пред една година, фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари една од најголемите победи во историјата. Иако влезе како тотален аутсајдер во меќот со Германија во Дуисбург, македонскиот национален тим успеа со три бода да се врати од гостувањето кај четирикратниот светски и трикратниот европски првак.

Момците предводени од тогашниот селектор Игор Ангеловски се надминаа себе си, и успеаја да остварат триумф, кој одекна како „бомба“ низ фудбалскиот свет. Во судиското надополнување Горан Пандев успеа да погоди во мрежата на Тер Штеген, за водство на полувремето.

Во вториот дел Германците преку Гундоган успеаја да израмнат со гол од пенал, а во 85. минута „магија“ од Македонија, асистенција од Адеми, и Елмас го „матираше“ германскиот голман за водство, кое на крајот ќе се покаже како победничко за Македонија.

После натпреварот во соблекувалната „ечеше“ излези момче… Се славеше долго во ноќта оваа голема победа, но не и низ улиците на Скопје поради тогашните мерки за заштита од коронавирусот.

Да се потсетиме низ ВИДЕО како изгледаше чудото во Дуисбург.

Се вчитува...