Помина една година откако аеродромот во Мадеира, Португалија, беше именуван во „Кристијано Роналдо“. Во чест на фудбалерот беше направена и статуа која стои на пред објектот, но јавноста брутално ја критикуваше изработката на скулпторот Емануел Сантош.
Цел свет се шегуваше на сметка на Сантош, сметајќи дека бистата ни од блиску не наликува на петкратниот освојувач на „Златната топка“, па уметникот решил да ја исправи грешката. Емануел направи нова, подобра верзија на статуата, а разликата е повеќе од очигледна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА