Една голема „нула“ во првото полувреме

Слабо прво полувреме на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во кое нема голови, каде што Македонија не ја оправдува улогата на  фаворит против Малта, и не само што не даде гол, туку немаше и стонастотни шанси за водство.

Тешко се носи средината на теренот без Адеми, а во нападот премногу нафрлени топки кои за Малтежаните беа лесен плен. Тешко одеа и додавањата меѓу македонските фудбалери. Многу грешки, многу комбинаторики без реализација. Така директен удар кон голот на Малта немаше.

Најзрелата шанса на Македонија во 35. минута кога Алиоски убаво нафрли до Миовски, кој што се чинеше дека е во добра ситуација, но со глава обидот беше очаен, и опасност по голот на Малта немаше. Миовски имаше уште еден обид со глава во 42. минута, меѓутоа и тој заврши непрецизно. Претходно Елмас во соло продор стигна на 16-17 метри од голот, но не дојде во ситуација да се закани.

Од друга страна Малта речиси и да не „го виде“ македонскиот гол се до судиското надополнување кога во одлична шанса се најде Гиламуиер, но беше во последен миг изблокиран од Зајков, и така не дозволи нашиот гол да биде загрозен.

Се вчитува...