Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје го забележаа третиот пораз во новата сезона во АБА 2 лигата откако вечерва беа поразени од Спартак Суботица со 81-86.
Натпреварот почна израмнето, а во првата четвртина номиналните гости беа за нијанса подобри па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 19-22. Слично беше и во вториот период, па Спартак Суботица на полувреме замина со плус пет 37-42.
Второто полувреме кошаркарите на Спартак Суботица го отворија со серија од 2-9 по која за првпат стигнаа до двоцифрена предност на мечот 39-51. Проблемите за македонскиот шампион продолжија и до крајот на третиот период по кој клубот од Србија имаше предност од 55-69.
Во последниот период избраниците на Васко Атанасов единственот што успеаја е да го ублажат поразот и на крајот да ги постигнат конечните 81-86. Расел со 16 поени беше најефикасен кај металците, а еден помалку постигна Војдан Стојановски. Кај победникот Филип Барна постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА