Двократната олимписка шампионка во фрлање диск Сандра Елкашевиќ (Перковиќ) на Инстаграм протестираше за сместувањето што ќе ги пречека спортистите во олимпиското село.
Таа гневна на организаторот напиша да не треба да земе и алат за лов.
„Кревети и маси од картон, соби без соодветен систем за ладење? Дали е тоа сонот на секој спортист?! После години тренинзи, откажување и сон еден ден да се стане олимпиец, како гордо да ги браниме боите на нашите земји. Сето тоа го постигнуваш и потоа завршуваш во камено доба. Кратко прашање до организаторите, дали е потребно да се донесе ловечки алат?“, револтирано рече Сандра.
Организаторите одлучија да нема клима во просториите за да се намали негативното влијание врз животната средина, а некои од екипите решија сами да го решат тој проблем. Тие донесоа свои климатизери во Париз за да им го олеснат престојот на олимпијците во француската престолнина бидејќи се очекува температурата да биде над 32 степени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА