Една од омилените патеки во Формула 1 се враќа во календарот?

Големата награда на Малезија која се возеше на стазата „Сепанг“ од 1999 до 2017 година и беше една од најомилените на фановите на Формула 1 може наскоро да се врати во календарот.

Поради големите трошоци и се помалиот интерес од страна на фановите во 2017 година беше донесена одлука организацијата на најбрзото натпреварување во светот да запре, но сега се појави нов интерес за враќање на трката за што говореше и директорот на патеката, Азан Ханиф.

„Не сакаме да ги повторуваме грешките од минатото. Ја пропуштивме Формула 1 и сега е многу тешко да ја вратиме. Постои листа на чекање, а нормано трошоците се многу високи. Кажано ни е дека надоместоците се 70 милиони долари по трка. Тоа не ги вклучува трошоците за подготовки кои изнесуваат од 2.3 до 4.7 милиони долари за секој настан. Вкупно организацијата би не чинела околку 73 милиони долари.

„Има многу заинтересирани страни и нема да биде лесно. Но, ако сакаме да сме сериозни можеби можеме да започнеме разговори. Сите од владата до корпоративниот сектор сакаат Формула 1 да се врати во Малезија. Мораме да го следиме примерот на Сингапур. Таму сите се вклучени во успехот од министерствата, коропоративниот сектор, хотелите. Сите допринесуваат. Мораме да работиме на ист начин“, изјави Ханиф.

Се вчитува...