Фудбалерот на Реал Мадрид, Раул Асенсио , кој се соочува со две и пол години затвор, слушна добри вести. Младиот дефанзивец е обвинет за две кривични дела против приватноста на две девојки кои учествувале во консензуален сексуален однос. Сепак, едно од девојките сега објави дека ги повлекло обвинувањата против него, објавуваат шпанскит емедиуми.
Станува збор за скандал од летото 2023 година, кога Раул и уште тројца млади мажи од академијата на Реал ги однеле две девојки на плажа во Гран Канарија. Таму изнајмиле приватна соба, каде што работите се претвориле во групен секс. Асенсио бил единствениот кој не учествувал во оргијата, но тајно снимал што се случувало со својот телефон. Потоа снимката почнала да се шири преку апликацијата WhatsApp, сè додека една од девојките не дознала за тоа. Испратен е сигнал до полицијата, која презела акција, па дури и ги уапсила играчите. Во тоа време, едната од девојките имала 16 години, а другата 18 години.
Раул Асенсио е гонет затоа што го испратил спорното видео до своите пријатели преку разни комуникациски платформи.
Од некоја непозната причина, едно од девојчињата, постарото, сега изјави дека му простува и ја повлекува тужбата против него. Сепак, таа не го стори истото за другите тројца играчи – Андрес Гарсија и Хуан Родригез и Феран Руиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

