Во таборот на Арсенал имаат голема причина за задоволство откако Мартин Едегард ги надмина проблемите со незгодната повреда и отпатува со тимот за Милано, во пресрет на утрешното гостување против Интер во Лигата на Шампионите.
Норвешкиот плејмејкер повеќе од еден месец беше надвор од терените по повредата заработена при настап за својата репрезентација, а неговото неиграње остави огромна трага врз настапите на „топчиите“. Откако лондонскиот тим освои само еден бод во последните три премиерлигашки рунди, Едегард денеска тренираше со полна пареа со остатокот од тимот, по што доби зелено светло од лекарскиот тим да патува за Италија. Се очекува одличниот плејмејкер да го почне мечот од клупата, но потоа да влезе во игра и да добие минутажа пред лондонското дерби што Арсенал ќе го игра против Челси викендов.
Артета се соочи и со проблем во пресрет на дуелот со Интер откако Деклан Рајс воопшто не отпатува со екипата на Арсенал за Милано. Англискиот репрезентативец денеска не тренираше, нема да настапи утревечер против Интер, а се очекува наскоро да се појават детали околу сериозноста на неговата повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА