Црногорскиот интернационалец од Даегу, Дејан Дамјановиќ, обелодени што се случувало во овој град, кој беше убедливо најпогоден во Јужна Кореја од коронавирусот.
„На почетокот беше голем шок за сите нас. Имавме 100-200 заразени, бројката за еден ден скокна на неколку илјади. Се покажа дека токму во Даегу има некои цркви, секти, тие луѓе биле во Вухан и не се пријавиле, иако веќе беше познато колку е сериозна работата во овој кинески град. Една жена зарази илјадници, таа една пациентка „сотре“ цел град. Не рекла дека е заразена и шетала околу, останатите не знаеле… Не го знаеме името, ја викаат Пациент 31 бидејќи беше 31. заболен од коронавирусот, а го рашири на илјадници. Токму поради неа во нашиот град имаше 6.500 заболени, од вкупно 9.000 во цела Јужна Кореја“, открива Дамјановиќ.
Тој апелираше до сите луѓе максимално сериозно да ги прифатат препораките на државните власти за изолација и минување на што повеќе време во своите домови.
„Пред две три недели луѓето овде беа навистина исплашени, но државата е сериозна, презеде мерки на заштита, па ситуацијата е многу подобра отколку пред петнаесетина дена. Клучно беше што народот веднаш се придржуваше на правилата. Затоа, мој апел до сите – слушајте го она што го порачува државата за да не дојде до сериозно ширење“, порачува Црногорецот од Даегу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА