„Вардарци“ сезонава против Шкендија имаат 100% ефект, три победи од исто толку дуели и неверојатна гол разлика од 8-1.
И, ако на претходните два дуели Вардар и можеби не доминираше а Шкендија, помалку или повеќе, и сама се победуваше, тогаш денеска на „Телеком арената“ во Скопје, избраниците на Гоце Седлоски максимално заслужено во далеку подобра игра од противникот стигнаа до трите бода.
Велат, една победа – може да биде и на среќа, но кога резултатот се повторува во три наврати – тоа е веќе надмоќ и карактер. Вардарци дефинитивно демонстрираат веќе силен карактер во пресметките со Шкендија…
[new_royalslider id=”517″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА