Македонската женска кошаркарска репрезентација во Славонски Брод ја очекува последниот предизвик од ноемвриските квалификации за настап на Евробаскетот кој ќе се одржи во 2027 година.
По триумфот над Данска и поразот од Грција, избраничките на Ашаданов ги очекува уште еден тежок предизвик наречен Хрватска за кој селекторот се одлучи за една промена во ростерот.
Дел од натпреварот со Хрватска ќе биде Јана Пислевска, додека во Скопје остана нашата најмлада кошаркарка, Теа Трајковска. Со соиграчите не патуваше ниту Мартина Маркоска, која не настапи на првите два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

