„Една работа ги разликува Синер и Алкараз“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја врати врвната форма и триумфираше над „големиот ривал“ Карлос Алкараз на мастерсот во Париз, победа која го врати и на врвот на АТП листата.

Синер добива пофалби од сите страни за одличната форма, но и за менталитетот кој го краси и желбата за подобрување, особено ако се земе во предвид лошиот период во кој постојано губеше од страна на Шпанецот во големите финални мечеви.

Последен кој упати пофални зборови за Синер е неговиот сонардоник, поранешниот тенисер Адријано Паната, единствениот Италијанец кој во „опен“ ерата освои грен-слем пред Синер.

„Една работа ги разликува Синер и Алкараз. Карлос може да има лош ден, а Јаник никогаш“, вели Паната. „Очекувам дека овие двајца ќе играат финале во Торино. Карлос мора да биде многу внимателен. Или ќе биде многу концентриран против Јаник или никогаш повеќе нема да го победи“

Се вчитува...