Една работа го спречува најголемиот НФЛ играч од камбек

Еден од најдобрите НФЛ играчи, седумкратниот освојувач на Супербол предизвика лавина на реакции во Соединетеите американски држави изјавувајќи дека се уште тренира и се чувствува подготвен да се врати на теренот и да игра на највисоко ниво.

Брејди ја заврши кариерата во 2022 година во дресот на Тампа Беј, а претходно 19 сезони настапуваше за Њу Ингланд Патриотс со година дена пауза во неговата неповторлива кариера.

„Дали можам да играм на највисоко ниво? Мислам дека одговорот е да. Подготвен сум и можам да се вратам, но повеќе немам дозвола бидејќи сум сопственик на акции во Лас Вегас Рејдерс. Не можам да се вратам“, изјави Брејди.

Брејди освои шест титули со Патриотс, а една со Тампа Беј.

 

Се вчитува...