Една слика доволно говори зошто Баерн Минхен е „добро подмачкана машина“

Баерн Минхен рутински стигна до нов триумф во Бундеслигата славејќи со 3-0 против Вердер Бремен.

Фудбалерите на баварскиот тим по крајот на средбата веднаш се упатија кон аеродромот за враќање во Минхен. Со тоа по себе оставија „отворена врата“ од гостинската соблекувална.

Новинарите ја искористија ретката можност да погледнат „во гостинскиот тим“ и најдоа нешто интересно на ѕидот.

На лист беше точно до секунда беше испланиран протоколот за натпреварот. На пример, проверката на опремата беше закажана за точно во 15:23.

Додека излезот на фудбалерите на теренот закажано за точно во 15:26:30.

На баварците во Бремен се им помина според планот па со новата победа ги зголемија шансите за титула.

Се вчитува...