Што се случи не знае никој, а најмалку Лионел Меси по вечерашното фијаско и новата рана елиминација на Барселона од Лигата на шампионите.
Каталонците допатуваа со „плус три“ во Рим, но втора година по ред загубија со 3-0 во Италија, ставајќи крај на својата европска авантура. Очајно делуваше играта на каталонскиот гигант, а во целото сивило се вклопи и Меси, кој имаше една шанса при 2-0, и потоа еден жолт картон.
Премалку од играчот кој важи за најдобар во светот, особено во натпреварувањето во кое неговиот голем ривал Кристијано Роналдо урива рекорди со секој следен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА