Не толку одамна беше голема надеж на англискиот фудбал – сега заврши во Австралија (ФОТО)

Поранешниот играч на Манчестер Сити, Челси и Ливерпул, Даниел Стариџ кој еднаш се сметаше за голема надеж на англискиот фудбал во новата сезона ќе го носи дресот на Перт Глори во австралиското првенство, потврди клубот. Стариџ беше без клуб цели 19 месеци откако во март претходната година доби четиримесечна забрана за натпреварување поради кршење на правилата за обложување.

Сега 32-годишникот за „граѓаните“ одигра 21 натпревар и пет пати ја тресеше мрежата пред преминот во Челси каде настапи на 63 натпревари и постигна 13 погодови. Во 2013 година премина во редовите на Ливерпул, а за „црвените“ постигна 50 погодоци за 116 настапи.

Се вчитува...