Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Стефан Ристовски го плати карантинот на Вардар во Охрид, „Комити“ најавија „ИНВАЗИЈА“!

Вардар го очекува во недела дерби пресметката со Воска спорт во 25. коло од Втората македонска фудбалска лига во Охрид. Дуел кој во многу нешта може да го одлучи натамошниот тек на битката за влез во елитното друштво.

А, од црвено-црниот табор вечерва и информацијата дека екипата ќе замине во карантин пред важниот меч, а за тоа е „виновен“ капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски кој ќе ги покрие трошоците за карантинот на тимот во Охрид.

Ристовски е дете на Вардар уште еднаш потврдувајќи колку му значи најтрофејниот македонски клуб.

Воска спорт, пак, претходно информираше дека нема да дозволи присуство на навивачи на натпреварот кој ќе се одигра пред празни трибини.

Сепак, за „Комитите“ тоа не важи, па најавуваат дека во недела во голем број ќе се упатат во Охрид да дадат поддршка на својот клуб.

Се вчитува...