„Еднаш, засекогаш, дете на Партизан“ – погледнете како Партизан го претстави Маринковиќ (ВИДЕО)

Партизан денеска официјално го промовираше првото летно засилување. Станува збор за Вања Маринковиќ, детето на Партизан кое по пет години поминати во Шпанија каде настапуваше за Валенсија и Басконија се враќа назад во „црно-белиот“ дрес.

Маринковиќ беше дел од Партизан од својата 13 годишна возраст, а на 18 години и ја превзема улогата на капитен на тимот предводејќи го својот омилен тим еден од најтешките момемнти во поновата историја. Српскиот репрезентативец на заминувањето од Белград се опрости со зборовите „Еднаш, засекогаш, дете на Партизан“, па евролигашот подготви и интересно видео за неговиот камбек насловувајќи го токму по овие зборови.

Се вчитува...