Едниот Украинец го напушти Зенит, другиот остана да работи во клубот

Украинскиот фудбалер Јарослав Ракицки се реши да го напушти тимот на Зенит, после инвазијата на Русија врз Украина. Клубот од Санкт Петербург не му правеше проблеми, и веднаш го раскина договорот со стоперот.

Од друга страна, пак, украинската легенда Анатоли Тимошчук не се реши на таков чекор. Тој е помошник на Сергеј Семак на клупата на „сините“ од Санкт Петербург, и останува дел од стручниот штаб.

Тимошчук беше и играч на Зенит две години, а од 2017 година е дел од стручниот штаб на тимот. Многумина на социјалните мрежи го осудија овој потег на поранешниот украински репрезентативец, и му порачаа веднаш да ја напушти Русија.

Се вчитува...