Вардар е актуелен шампион, а и оваа сезона има седум бода предност на табелата и сигурно чекори кон одбрана на титулата, откако ја прегази Шкендија во неделата со 3-1 во првенствениот дуел.
Но, три дена подоцна, на денешниот прв полуфинален дуел од Купот на Македонија, Шкендија му возврати на Вардар, победувајќи го на „Телеком Арена“ со 1-3. Тетовскиот тим е блиску до пласман во финалето, бранејќи го трофејот освоен лани.
Вака слична беше разврската и минатата сезона. Едните ’не знаат’ во првенството, а другите во Купот?!
[new_royalslider id=”521″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА