Едно е јасно, Конте заминува, но како?

Планот на Антонио Конте е јасен, титула па заминување. Ситуација која некого не изненадува, но со оглед на тоа што на Италијанецот му останува уште една година од договорот, постои и опција 51-годишникот веќе ова лето да го напушти кормилото на тимот од Милано.

Причината за тоа е јасна, несогласување со директорите на клубот, лошата финансиска состојба, но и недостаток на влијание при донесување на одлуки. „Не ми треба никој“, одговори Конте на прашањето за овој трансфер рок, а медиумите во Италија наведуваат како тоа е само порака за клубот, кој впрочем не верува во проценката на тренерот.

Конте инсистираше на Коларов и Видал, кои играат лошо, без причина го „елиминираше“ Годан, а потоа не му најде место ниту на Ериксен. Неговата игра премногу се темели на Лукаку, а нема напредок ни кај младите играчи.

Интер и Конте не започнуваат договори за продолжување на соработката и јасно е дека Италијанецот ќе го напушти клубот, но останува да видиме дали со трофеј или без. Без разлика на сите проблеми, Интер е во сериозна шанса да стигне до првото место на табелата. Јувентус е никогаш послаб, а за разлика од „нероаѕурите“, главниот противник, Милан во вториот дел од сезоната го очекуваат натпревари и во Европа.

Се вчитува...