Жоао Феликс пред четири години од Бенфика се пресели во Атлетико Мадрид. Тогашните платени 127 милиони евра, требаше да покажат дека Португалецот е подготвен да се покаже на големата сцена. Дојде како замена за Гризман кој изненадувачки замина во Барселона. Но, Феликс не се покажа во Атлетико.
Во ниту еден момент Португалецот не ги оправда парите дадени за него, а минатата сезона Атлетико го прати на позајмица во Челси. Се надеваше дека ќе успее да покаже нешто на „Стемфорд Бриџ“, и дека лондонските „сини“ ќе го одврзат кесето и ќе платат добра сума да го ангажираат, но наместо тоа го вратија назад во Мадрид.
Фелиск има 24 години, Атлетико му бара нов клуб, а најдобрата понуда е од Саудиска Арабија. Саудиски Ал-Хилал е подготвен добро да плати за да го добие потписот на офанзивниот фудбалер.
Неговата вредност во моментов е далеку од онаа која Атлетико ја плати на Бенфика, односно 50 милиони евра, сума која Ал-Хилал може да ја плати, а и добро да го „награди“ играчот само да го убеди да дојде во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

