Едно одлично полувреме недоволно за изненадување во Германија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз од 73-41 на гостувањето во Германија ги започнаа квалификациите за Европското првенство 2023. „Црвено-жолтите“ беа подобриот противник во 25. минути од мечот, по кои фаворизираните Германки со серија на тројки го срушија отпорот и дозволија само шест поени до крајот за убедлива победа.

Добрата одбрана на Македонија и донесе предност од 14-18 по воведните десет минути на средбата, а предноста од четири поени беше задржана и на полувремето (26-30). Добрата игра на „црвено-жолтите“ продолжи и на отварањето на второто полувреме по кое заминавме и на предност од седум поени, но Германките кои во првото полувреме не реализираа шут за три поени, влегоа во серија зад линијата 6,75 и со серија од 18-2 стигнаа до недостижна предноста (54-37).

Добрата игра на домаќинките и лошата игра на Македонките продолжи и во последната четвртина во која беа постигнати само четири поени за Германија да стигне до највисоката предност од 32 поени со која беше завршен мечот.

Прво име во македонската репрезентација беше Митрашиновиќ со 16 поени и 4 скока, а неа ја следеше Стојановска со 8 поени и 4 скока. Гасисесодер беше предводничка на домашниот тим со 16 поени и 5 скока.

Се вчитува...