Македонската репрезентација претрпе нов пораз на Еврпоското првенство за ракометарки до 19 години откако нашиот национален тим загуби од составот на Норвешка со убедливи 23-29. По поразите на сите натпревари од групната фаза, серијата слаби резултати на избраничките на селекторката Дамчевска продолжи и на денешниот дуел со Норвежанките, прв од разигрувањето за пласман во долниот дел од табелата.
ПРвото полувреме го покажа потенцијалот што го поседува нашиот млад состав, кој одигра одлично пред се во одбраната, па по 30 минути игра Македонија имаше водство од 11-9. За жал, темпото не можеше да се издржи и во вториот дел, Норвежанките набрзина најпрвин израмнија на 12-12, а потоа со нова серија успеаја резултатски да се одлепат резултатски, за предност од 13-18 по само десет минути игра во второто полувреме. Потоа, противничките до самиот крај лесно го контролираа резултатот, не дозволувајќи во ниту еден момент да се понадеваме на пресврт во завршницата.
Младите македонски ракометарки нова шанса за прва радост на ЕП ќе имаат утре, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА