Едно полувреме за Миовски, Жирона со пораз од Рајо ја стартуваше новата кампања во Ла лига (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Бојан Миовски и неговата Жирона со пораз на домашен терен од Рајо Валјекано од 1-3 ја стартуваа новата кампања во шпанската Ла лига.

Нашиот напаѓач се најде во почетниот тим на тимот од Каталонија, но поради црвениот картон кој го доби неговиот соиграч, голманот Газањига во 43. минута, мораше да биде заменет во 45. минута.

Гостите уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот откако поведоа со 0-3 со головите на Де Фрутос, Гарсија и Палазон.

Во вториот дел домаќините постигнаа само почесен погодок за 1-3 во 57. минута преку Рока.

Girona [1]-3 Rayo Vallecano – Joel Roca 57'
byu/Meladroit05 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...