Македонските кикбоксери се вратија со едно сребро и три бронзени медали од Светскиот куп кој изминативе денови се одржа во Будимпешта.
Со сребро се закити Миа Тодорова од КБК Шампион, во дисциплината Лоу Кик, додека бронзени медали освоија Филип Ризов од КБК Кавадарци, исто така во Лоу кик, Иле Левков од КБК Лидер – Виница и Туркер Исмаил од КБК Шампион во Кик-Лајт.
Иван Кукуновски од КБК Шампион, кој се боресе во дисциплината Кик Лајт, за малку остана без медал.
На Светскиот куп учествуваа 3040 натпреварувачи од 45 земји од 288 клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА