Календарот на Формула 1 од следната 2019 година ќе биде побогат за уште една трка. Домаќин ќе биде Мајами, а останува уште да се допрецизира финансиската страна.
Комисијата на градот Мајами донесен едногласна одлука за организација на Ф1 трка низ улиците на градот, па следниот период градоначалникот Емилио Гонзалес треба да ги почне преговорите со Ф1 околу финансиските детали кои воопшто не треба да претставуваат проблем.
Гонзалес до 1. јули на Комисијата треба да и го достави договорот по што и официјално ќе биде потврдено дека Мајами добива Формула 1 трка следната сезона.
Маркетинг менаџерот на Ф1 искажа задоволство по завршената прва фаза од преговорите.
„Презадоволни сме по успешните први преговори. Формула 1 за Мајами претставува одлична можност за тркачки спектакл“ – рече Брачес.
Со доаѓањето на Мајами во Ф1 веројатно некои од европските трки ќе испаднат од календарот, но тоа ќе се одлучи за време на летниот период оваа година.
———————————————————————————————————————————–
Комерцијално видео
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА