Макс Ферстапен уште еднаш потврди дека нема посериозна конкуренција во Формула 1 сезонава откако актуелниот светски првак стигна до нова победа, овојпат на спринт-трката што се возеше на патеката Спа како увертира за утрешната трка за ГНМ на Белгија.
Холандскиот возач беше импресивен и како и на последните неколку натпреварувања, повторно не дозволувајќи ниту за момент да се понадеваат на сензација.
Тој без многу мака стигна до првото место, а најпријатно изненади Оскар Пјастри од Мерцедес, кој ја освои втората позиција, пред Пјер Гасли од Алпина како третопласиран. Зад Гасли се најдоа Хамилтон, Саинц, Леклер, Норис, Расел.
Ферстапен освои осум бода за оваа обда, Пјастри седум, Гасли шест…
Утре се вози и официјалната трка за ГН на Белгија по која ќе следи и пауза во Формула 1 шампионатот што ќе трае се до 25 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА