Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ успеа да стане првиот човек во историјата кој стигнал до 400 победи на гранд-слем турнирите во сингл конкуренција.
Неверојатниот Србин денеска славеше во третото коло на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен, против холандскиот тенисер Ботик ван ден Зандшулп со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 7-6.
Со овој триумф тој стигна и до 102 победа на турнирот во Мелбурн со која се израмни со големиот ривал Роџер Федерер и сега му фали само еден триумф за да биде сам на вечната листа.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Чехот, Јакуб Меншик и Ејтан Квин од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

