ЕДНОСТАВНО НЕДОСТИЖЕН: Волкановски со рекорд за историја!

Александер Волкановски го победи Диего Лопез со едногласна одлука на судиите и си го врати шампионскиот појас во перолесна категорија во УФЦ.

Со денешниот триумф Волкановски се запиша и во историјата на овој спорт како првиот борец на УФЦ со 35 или повеќе години кој победил на борба за појас во категориите од мува до лесна.

Според статистиката, овие категории со полесна тежина се почувствителни кога е во прашање возраста на борците и ретко триумфираат постари. Волкановски успеа да дојде до шампионскиот појас со 36 години.

Се вчитува...