Едноставно, незапирлив: Дали е ова најлудиот кош во кариерата на Јокиќ (видео)

Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е најдобар кошаркар на НБА-лигата, по извонредната партија на дуелот со Њу Орлеанс на кој српскиот центар оствари нов трипл-дабл.

Воедно, Јокиќ ги постигна и најверојатно своите „најлуди“ поени во дресот на Денвер, откако тргна во акција во рекетот, противникот стори буквално се за да го запре, но Србинот покажа „магија“, префрлајќи ја топката во лева рака и рутински реализирајќи.

Само уште еден доказ дека Никола Јокиќ е незапирлив за противниците на НБА-лигата… погледнете ја акцијата…

Се вчитува...