Едноставно совршен: Роналдо стигна до 700 голови во клупската кариера!

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, со голот против Евертон вечерва, стигна до бројката 700 гола во клупската кариера.

Најмноги има во дресот на Реал Мадрид, за кој постигна неверојатни 450 голови во 438 натпревари. 101 гол постигна за Јувентус во 134 меча, пет гола даде за Спортинг, а за Манчестер ова беше 144-тиот гол на Роналдо. Вкупно 700 голови во 943 меча. Згора на тоа има и 117 голови во репрезентативниот дрес на Португалија.

Се вчитува...