Едриличарите на „Акватика Јахтинг“ и „Снегар“ ќе учествуваат на Купот на Југоисточна Европа во Србија

Едриличарите на двата најдобри македонски клуб во овој олимписки спорт, „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга, од утра па до недела ќе учествуваат на Отвореното првенство на Југоисточна европа за класата Оптимист, кој ќе се одржи во Палиќ, Србија.

Од „Акватика Јахтинг“ ќе учествуваат шест едриличари, дополнети со уште толку од „Снегар“ кои ќе ја претставуваат Македонија во конкуренција на повеќе од 100 млади едриличари од Југоисточна европа.

Според најавите на организаторите, од Едриличарскиот сојуз на Србија, најавено е учество на едриличари од Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ, Унгарија, Словачка, Чешка, Романија, Бугарија и Македонија.

Натпреварите ќе се одвиваат од 6. до 8. мај, а низ трите дена треба да се реализираат вкупно девет регати.

Македонското едрење значително се активира последните неколку години, преку двата најдобри клубови, и со се поголемо учество на меѓународните натпревари како начин на доближување на овој олимписки спорт до регионалните но и европските текови.

Се вчитува...