Едриличарите на „Акватика Јахтинг“ на силна меѓународна регата во Србија

Едриличарите на „Акватика Јахтинг“ од Охрид од денеска па до недела (15. октомври) ќе учествуваат на силната Интернационална едриличарска регата „Шарлов Куп 2023“ во Смедерево, Србија, во организација на БК „Металац“ од Смедерево.

„Акватика Јахтинг“, кој е еден од најдобрите македонски едриличарски клубови, во Смедерево ќе учествува со пет едриличари во класите Оптимист и Ласер Илка 4.

Предводени од тренерот и селекторот на македонската репрезентација Стефан Ставрев, во класата Оптимист ќе настапат Мила Булатовиќ и Гала Булатовиќ, а во класата Ласер Илка 4 во Смедерево ќе настапат Софија Ставрева, Илина Гаџовска и Евгенија Ставрева, сите пет репрезентативки на Македонија во спортско едрење.

На Интернационалната регата во Смедрево, ќе учествуваат повеќе од 70 натпреварувачи од Србија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Црна Гора и Македонија.

Се вчитува...