Едриличарите на „Акватика Јахтинг“ најдобри на Интернационалната регата „Охрид 2025“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Едриличарите на „Акватика Јахтинг“ од Охрид се најуспешните на Интернационалната регата „Охрид 2025“ која изминатиов викенд се одржа во Охрид во рамките на „Ohrid Water festival 2025“, а под организација и покровителство на „Акватика Јахтинг“, Општина Охрид и Едриличарската федерација на Македонија.

Натпреварите се одвиваа во четири натпреварувачки класи, Оптимист, Илка 4, Илка 6 и Класа 470, со учество на пет клуба од Македонија и од Србија, во кои едриличарите на „Акватика Јахтинг“ се закитија со вкупно 12 трофеи, од кои три златни, пет сребрени и четири бронзени одликувања.

Во најмасовната класа Оптимист, во која се натпреваруваа 21 едриличар, во генералниот пласман триумфираше Мила Булатовиќ од „Акватика Јахтинг“ од Охрид. Во класата Илка 4 победи Евгенија Ставрева од „Акватика Јахтинг“ а во Класата Илка 6 триумфираше Милица Миловиќ од ЕК „Металац“ од Смедерево, Србија.

Во олимписката класа 470 победија Анѓела Станковиќ и Никола Павиќ од ЕК Металац – Смедерево, Србија.

Главен судија на Интернационалната регата во Охрид беше истакнатиот светски стручњак од едрењето, Италијанецот Луиџи Бертини.

Претходно, пред одржувањето на интернационалната регата во Охрид беше одржан и меѓународен тренинг камп под „палката“ на истакнатиот хрватски тренер, Јанош Палко.

 

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН – МЕЃУНАРОДНА РЕГАТА „ОХРИД 2025“

КЛАСА ОПТИМИСТ (ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН)
1. Мила Булатовиќ (Акватика Јахтинг – Охрид)
2. Томе Златески (Снегар – Струга)
3. Сара Милевски (Снегар – Струга)

ОПТИМИСТ (ЖЕНСКИ)
1. Мила Булатовиќ (Акватика Јахтинг – Охрид)
2. Сара Милевска (Снегар – Струга)
3. Дарија Зографска (Акватика Јахтинг – Охрид)

ОПТИМИСТ (МАШКИ)
1. Томе Златески (Снегар – Струга)
2. Сергеј Кречов (Акватика Јахтинг – Охрид)
3. Петар Филоски (Акватика Јахтинг – Охрид)

ИЛКА 4
1. Евгенија Ставрева (Акватика Јахтинг – Охрид)
2. Илина Гаџоска (Акватика Јахтинг – Охрид)
3. Дарио Лолиќ (Војводина – Нови Сад, Србија)

ИЛКА 6
1. Милица Миловиќ (Металац – Смедерево, Србија)
2. Софија Ставрева (Акватика Јахтинг – Охрид)
3. Јана Неданоска (Акватика Јахтинг – Охрид)

КЛАСА 470
1. Анѓела Станковиќ/ Никола Павиќ (Металац – Смедерево, Србија)
2. Марија Миличевиќ/ Вук Петровиќ (Металац – Смедерево, Србија)
3. Гала Булатовиќ/ Стефан Настески (Акватика Јахтинг – Охрид)

Се вчитува...