ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски
Ѓер успеа да го совлада ЧСМ Букурешт со 26-20 и се пласира во големото финале на Ф4 турнирот во Лигата на шампионките. Унгарскиот тим беше во водство во најголемиот тек од натпреварот, па иако ЧСМ успеа да израмни на 16-16, следеше неверојатна серија на Ѓер за пласман во финалето, каде ќе ја брани титулата освоена лани.
Во редовите на Ѓер, има и македонска снаа, Едуарда Аморим, која вели дека цврстата одбрана е клучот за успехот. Ѓер успеа да ја затвори Кристина Неагу, а со тоа го сопре најопасното оружје на романскиот тим.
„Игравме одлична одбрана и тоа беше клучно. Успеавме да ја затвориме Неагу, таа е ’главата’ на ЧСМ Букурешт. Мислам дека сосема заслужено се пласиравме во мечот за трофејот и оваа сезона. Ние играме тимски и на таков начин и овојпат стигнавме до триумфот. Сега ќе се одмориме и се надеваме дека и утре ќе бидеме на висина на задачата“, изјави на течен македонски јазик, Едуарда Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА