Едуардо Берицо, нов тренер на Атлетик Билбао

Шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао го именуваше Едуардо Берицо за нов тренер. 48-годишниот аргентински стратег потпиша двегодишен договор со баскискиот клуб. Последниот ангажман тој го имаше во Севилја, а претходно беше и тренер на Селта.

Атлетик Билбао изминатата сезона ја одигра под очекувањата, заврши на 16.место на табелата, па раководството на клубот одлучи да направи промена на тренерската позиција.

Се вчитува...