Севилја ја најде замената за Жорге Сампаоли, на клупата ќе седне сега веќе поранешниот тренер на Селта Виго, Едуардо Беризо. Севилја обелодени дека изборот за нов тренер паднал врз 47-годишниот Беризо, со кого е потпишан договор на две сезони откако Сампаоли замина од шпанскиот клуб за да го превземе кормилото на репрезентацијата на Аргентина.
Аргентинскиот стратег стигна до полуфиналето во Европа лигата со Селта, а таму дожиеа пораз од Јунајтед, кој подоцна стана и шампион. Пласманот меѓу четирите најдобри за Селта значеше најголем успех во европските купови. Во тригодишниот престој во Селта, Беризо два пати стигна и до полуфиналето во Копа дел Реј.
Beризо пред Селта Виго беше тренер на чилеанскиот клуб Охигинс, Естудијантес од Аргентина, а тренерската кариера ја започна во 2007 година како асистент на репрезентацијата на Чиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА