Една од најголемите НБА ѕвезди во моментот, Ентони Едвардс на гостување на емисија на популарниот медиум „ЕСПН“ даде интересна изјава поврзана со неговата иднина.
Ѕвездата на Минесота кој во минатото тренирал американски фудбал изјави дека доколку во следните три до четири години се закити со прстен во НБА ќе го промени спортот и ќе заигра во НФЛ лигата.
„Им кажав на другарите „ако освојам прстен во следните три, четири години ќе играм американски фудбал“. Можев да бидам и професионалец во овој спорт. Бев број еден на мојата позиција на девет или десет години. Престанав да играм бидејќи ги гледав браќата како играат кошарка. Ми беше поинтересно“, изјави Едвардс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА